Достапни линкови

logo-print

Владата сеуште не решила кој ќе стопанисува со зоната


И покрај најавите дека целиот процес ќе заврши кон крајот на март, Владата сеуште го нема прецизирано името на фирмата која ќе стопанисува со слободната економска зона „Бунарџик“. Од дирекцијата за слободни екоеномски зони велат, ние ја изготвивме ранг листата, чекаме владата да го каже последниот збор:

„Во овој момент постапката за избор на оснивач на Зоната сеуште трае. Како прворангирана фирма, е фирмата Глендори Естејт, од Велс – Велика Британија.“

е ставот на Виктор Делов Заменик директорот на дирекцијата за слободни економски зони. Првиот човек на велшката компанија Овен Клуевин вели, доколку навистина ние го добиеме на стопанисување „Бунарџик“ тоа ќе значи влез на неколку меѓународни компании:

„Прво тоа ќе бидат компании што ќе сакаат да бидат присутни во Европа , а на кои нема да им биде битна економската развиеност на земјата . За нив најинтересни се бенифициите кои ќе ги добијат со влегувањето во слободанта економска зона.“

Интересот за влез на компаниите во слободната економска зона е јасен, со оглед на фактот што производот произведен во оваа зона ќе биде од 30 до 40 насто поефтин во однос на истиот производ произведен надвор од зоната:

„ДДВ е нула, дури и данокот на добивка во првите 10 години е 0 насто, и плус уште десет години има ослободување од данокот на добивка доколку се реинвестира во развојот на зоната.“

е ставот на Делов. Посебен интерес да влезат во слободната економска зона веќе пријавиле фирми од областа на високата технологија:

„ Од индустријата за автоматика интерес веќе пријавиле две компании, втори интерес постои и од компании кои се занимаваат со фармација, индустријата за чист воздух, и компании чија основна дејност е истражување и развој,“

вели сопственикот на велшката компанија Глендори Естеит Овен Клуевин, кој веќе има искуство со работењето во слободните економски зони. Профункционирањето на слободната економска зона за државата ќе значи подобрување на макроекономските параметри:

„Бенефициите на државата се пораст на економијата, зголемување на вработувањето, трансфер на технологии, подобрување на менаџментот, влез на странска валута.“

Фирмата која ќе стопанисува со слободната економска зона „Бунарџик“ ќе остварува приходи од рентање на земјиште, издавање под закуп на затворени објекти или давање на услуги во делот на зоната.:

„Доколку тој инвеститор би инвестирал само во основна инфраструктура, тоа значи дека би рентал само земја, а ако прави и објекти, тоа значи дека само по себе би рентал затворен простор и киријата би била многу поголема.“

Управувањето со слободната економска зона се доделува на 50 години со можност за продолжување на договорот за плус 25 години.
XS
SM
MD
LG