Достапни линкови

logo-print

Багдад: Триесетина Ирачани загинале во судири меѓу сојузничките сили и бунтовниците


Триесетина ирачани загинале во текот на ноќешните пресметки меѓу бунтовниците и сојузничките сили во неколку градови во Ирак, јавуваат агенциите, додавајќи дека најжестоко било во Фалуџа кој е опколен од американските војници. Во Рамади, западно од Фалуџа, во вчерашниот напад на ирачките бунтовници врз гувернерската палата во тој град загинале дванаесет маринци. Американската команда денеска во Багдад најави дополнителни чекори со цел, како што е соопштено, да биде уништена вооружената милиција на шиитскиот лидер Мокдата ал Садр. Во меѓувреме, портпаролот на Белата Куќа Скот Меклилан соопшти дека претседателот Џорџ Буш смета оти, и покрај судирите, американската решителност во врска со Ирак останува ненарушена.
XS
SM
MD
LG