Достапни линкови

Сараево: Карла дел Понте во ненајавена посета на Босна


Главниот обвинител на Хашкиот трибиунал Карла дел Понте вчера попладне ненајавено допатува во Сараево, потврди СФОР. Дел Понте се сретна со командантот на СФОР генералот Вирџил Пакет во базата на СФОР во Бутмир кај Сараево, но детали за разговорите не се соопштени. Според босанските медиуми, Дел Понте ќе разговара и со претставниците на Република Српска „за несоработката на тој ентитет за апсење на обвинетите за воени злосторства, а првенствено за Радован Караџиќ“.
XS
SM
MD
LG