Достапни линкови

logo-print

Москва: Посета на генералниот секратар на НАТО


Генералниот секретар на НАТО Јап Де Хоп Шефер денеска ја започнува својата посета на Москва, по проширувањето на Алијансата со седум нови земји членки. Москва изрази загриженост поради распоредувањето трупи на Алијансата блиску до границата на Русија со балтичките земји. Генералниот секретар на НАТО се очекува да разговара за идната соработка со рускиот шеф на дипломатијата Сергеј Лавров и министерот за одбрана Сергеј Иванов.
XS
SM
MD
LG