Достапни линкови

Годинава одбележувањето посветено на заштитата на учесниците во сообраќајот


„Лани бев сведок, пред мои очи се случи сообраќајната незгода кога загина една наша актерка и беше многу немило, затоа што тој што ја удри со возило, не застана, помина, потоа многу лесно се најде кој го стори тоа, меѓутоа страшно несовесно, страшно нецивилизирано.“

„Воопшто не е безбедно, еве вчера баш ќе не згазеше кола.“

„Секој си положува, ќе ја грабне колата и гајле нема, пешаците како кокошки трчаме лево – десно.“


Ова се искуствата на македонските граѓани, чии сведоштва укажуваат на фактот дека како учесници во сообракајот воопшто не се чувствуваат безбедно, или како што потенцираат „опасноста од несовесните возачи ги демне од секоја страна.“

Во таа насока, Светската здравствена организација овогодинешниот ден на Здравјето 7 Април, го посвети на заштита на учесниците во сообракајот, и последиците од сообракајните незгоди, под мотото ,,Безбедноста на патиштата не е случајна“

„Секоја година, според податоците на Светската Здравствена организација, во собракајни несреки ширум светот умираат 1, 2 милиони луге, а 20 до 50 милиони лица доживуваат повреди во ваквите несреки, од кои некои се трајно неспособни за понатамошен живот. Но, она што е уште поважно е претпоставката дека ако не се преземат успешни мерки во моментов, во следните 15 години бројката ке се зголеми за 50%“

изјавува Јука Пукила од шеф на канцеларијата на Светската здравствена организација во Македонија.

Речиси идентично како и во светски рамки, и бројот на сообракајни незгоди во државава не е занемарлив. За само четири месеци, односно од почетокот на годинава евидентирани се речиси 200 те незгоди.

„На подрачјето на Република Македонија се случиле 199 сообраќајни несреќи со потешки последици. Во незгодите 28 лица го загубиле животот, додека 303 лица здобиле повреди. Најчеста причина за сообраќајните незгоди е непрописна или неприлагодена брзина, како и непочитување на правилата за првенство на минување,“

изјавува Борче Пешевски од Министерството за внатрешни работи.
XS
SM
MD
LG