Достапни линкови

Околу 300 странски набљудувачи за изборниот процес


Со истекот на рокот за пријавување на набљудувачите на претстојните претседателски избори на 4 април на полноќ бројот на странските набљудувачи е дефиниран. За разлика од речиси илјада набљудувачи кои ги следеа послените парламентарни избори, овој изборен процес го покриваат 308 странски набљудувачи Повеќето 280 се од канцеларијата за демократски и човекови права при ОБСЕ, ОДИХР, 21 од меѓународниот републикански Институт и 7 од британскиот хелсиншки комитет. Долгорочните и среднорочните набљудувачи од ОДИХР инситуција која практично го координира набљудувањето на изборниот процес во име на Меѓународната заедница се веќе во земјава, краткорочните доаѓаат непосредно пред денот на изборите.

„Тука сме за да го набљудуваме и анализираме целиот изборен процес – кампањата, работата на Државната иброна Комисија, медиумското покривање, легалната рамка и евентуалните жалби по изборите. Тимот на десетина експерти е веќе стациониран во Скопје, 18 долгорочни набљудувачи се во регионалните центи, а на самиот ден избирачките места ќе ги набљудуиваат 150 краткорочни монитори. Вообичаено прелиминиарниот извештај ќе го објавиме ден по изборите. Финалниот извештај ќе биде објавен еден месец по завршувањето на изборниот процес.“

изјави експертот за медиумни на ОДИХР Мирела Марчезе.

Европската Унија својот ангажман на овие избори го гледа во советодавната функција на припадниците на европската полициската мисија

„Проксима е вклучена во соработката со министерството за внатрешни работи во набљудуваљњето, советувањето и планирањето на безбедноста за време на изборите. Сега сме инволвирани во планирањето а ќе бидеме инволвирани и на самиот ден на изборите во смисла на набљудување и советување на МВР во заштитата на приватноста на гласањето и безбедноста на самиот процес. Задоволни сме од високото ниво на таа соработка,“

изјави портпаролот на Европската Унија Шина Томпсон. Како представник на специјалниот пратеник на Унијата во земјава Томпсон оценува

„Набљудуваме мошне нормална изборна кампања. Очекуваме дека таа ќе продолжи во слободен и фер манир и во добра атмосфера.“
XS
SM
MD
LG