Достапни линкови

Басра: Шиитски муслимани ја презеле владината зграда во Басра


Група шиитски муслимани влегла ноќеска и без инциденти ја презела владината зграда во Басра. Вчера во повеќе ирачки градови приврзаниците на шиитскиот клерик Моктада ал Садр се судрија со коалиционите трупи поради апсењето на неговиот помошник Мустафа Јакуби. Во предградието на Багдад, Садр во судирите со шиитските милитанти загинаа 7, а беа ранети 20 – тина американски војници. Американските сили ги затвориле приодите кон Фалуџа каде што и денеска имало судири. Вкупно во последните инциденти загинаа најмалку 90 лица. Американскиот цивилен администратор Пол Бремер изјави дека нема да биде толерирана нелегитимната намера на ал Садр за воспоставување негова власт.
XS
SM
MD
LG