Достапни линкови

Москва: Средба Путин - Ширак


Билатералните односи и меѓународните прашања , според најавеното се главните теми на денешните разговори во рсукиот вселенски контролен центар во Краснознаменск во близина на Москва меѓу претседателите на Русија Владимир Путин и на Франција Жак Ширак. До средбата доаѓа по вчерашното формално проширување на НАТО до границите на Русија. Путин по вчерашните разговори со германскиот канцелар Герхард Шредер изјави дека Русија не се стравува од проширувањето на Нато, но и оти Москва не верува дека тоа ќе ги реши меѓународните безбедносни проблеми.
XS
SM
MD
LG