Достапни линкови

Катманду: Протести против кралот на Непал


Околу 15 илјади демонстранти жестоко протестираа во Катманду против Кралот на Непал Гуанендра палејки возила и уништувајки ја сообраќајната сигнализација, јавија агенциите. За време на вчерашните протести полицијата употреби насилни средства против демонстрантите. Протестите доаѓаат по повик на 6 политички партии поради тоа што Кралот во 2002 ја распушти демократски избраната влада и ја замени со друга која му е лојална. Кралот Гуанендра минатата недела реагирајки на протестите повика нови изборуи да бидат одржани за една година.
XS
SM
MD
LG