Достапни линкови

Две причини за големиот процент неопределени гласачи


Со цел одржување на фер и дмократски избори со свои активности и на овие избори е вклучен и граганскиот сектор. Идејата е, како што велат оттаму, да се анимира јавноста во нављудување на активностите кои се вклучени во изборната трка. Со најмногу активности во изборниот период е граганската асоциајција МОСТ, а за нивните активности информира претседателот Дарко Алексов:

„Мотивација на граѓаните да се проверат во избирачкиот список, набљудување на однесувањето на политичките партии, кандидатите и нивните изборни штабови. Како и мотивирање на граѓаните да излезат и да гласаат, преточено во една активност која се спроведува на самиот ден на изборите, а тоа е набљудување на избирачкиот процес.“

Мотивирањето на граганите да излезат да гласаат е еден од важните фактори за успешни избори. Последните истражувања на јавното мислење покажуваат дека околу 30 проценти од граганите се неопределени. Од МОСТ велат дека оваа бројка не секогаш одговара на реалната состојба

„Да направиме една компарација до 2002 година. Во 2002 година, процентот на неопределени беше за неколку стапки понизок од овој. Тоа значи дека иако имавме процент на неопределни од 25 до 26 насто, во 2002 година имавме одзив од 73,4 насто на самиот ден на изборите. Самото по себе ни укажува дека постојат две работи во моментов во државава, а тоа е: едната или не сакаат да се декларираат за тоа за кого ќе гласаат јавно, зборувам општо за граѓаните. Или мал удел има и апатијата поради лошата економска состојба во државата. Не е реално тоа што се случува во моментов, а тоа е дека над 30 насто од граѓаните може и да не излезат.“

Емилија Симовска пак од Институтот за социолошки и политичко правни истражувања која раководеше со проектот во кој се разгледуваат изборните активности за резултатите кои говорат за околу 30 проценти неопределени посочува

„Не значи дека секој што не одговорил на анкета за кого ќе гласа, навистина не знае за кого ќе гласа. Има многу луѓе, околу 20 насто кои чувствуваат непријатно да ви кажат за кого ќе гласаат и треба да се почитува нивната приватност. Така што, нив ние ги нарекуваме неопределени, но тоа воопшто не значи дека се неопределени.“
XS
SM
MD
LG