Достапни линкови

Работно време во зависност од бројот на пријавени работници


Од почетокот на неделава, трговците во земјава, веке работат според нови правила, предвидени во новиот Закон за трговија. Работното време на продавниците, деловните простории, магацините, складовите и бензиските пумпи, во согласност со новиот законски акт, ќе се одредува според бројот на вработените. Целта на законот, е да се среди сегашниот „неред“ во работењето од страна на трговците, а според Министерството за економија, законот ќе стимулира и нови вработувања.

„Самиот работодавец, во зависност од тоа колку вработени има во својот продажен објект, ќе може да работи и толку часови. Тука се имаше во предвид настојувањето на еден начин да се влијае индиректно трговците преку зголемувањето на бројот на вработените да добиваат можност за големување на нивното работно време,“

потенцира Крум Ефремов, Раководител на Секторот за трговија, при Министерството за економија.

За промените што ги предвидува Законот за трговија, трговците од земјава велат дека тие можеби ќе создадат ,,ред,, во работењето, но потенцираат дека се скептични во однос на стимулот за нови вработувања бидејки ,,сегашната мала заработувачка не им го довозлува тоа“

„Ние сме далеку од тоа кога ние, само како дуќанџии не сме во состојба само по еден дуќан да одржуваме, а новите закони ни наложуваат и ни ветуваат многу работи, а не одат директно и конкретно да му се помага на занаетчијата.“

За разлика од дуќанџиите, сопствениците на бензинските пумпи регулирањето на работното време според новиот закон, не претставува никаков проблем:

„Јас се согласувам дека ако вработиме што повеќе луѓе, можеме да работиме колку сакаме. Не можеме ние да работиме со еден вработен, а да прикажуваме работно време од 12, 15 или 20 часа.“

Освен оваа одредба, новата законска регулатива за трговците предвидува и полиберална регулатива за отворање на нови трговски објекти, но согласно предвидените стандарди:

„Даваме поголема слобода за отворање на бизнисот, но од друга страна и поголема слобода на државните пазарни инспектори ако тие услови не се исполнети да се преземат одредени санцкии,“

објаснува Ефремов од Министерството за економија, кој потенцира дека промените освен Што претставуваат усогласување на домашното со европското законодавство, се потикнати и од процесот на децентрализација на земјава, со што поголеми ингеренции во делот на контрола на работата на трговците, ќе им припадне на локалните власти.
XS
SM
MD
LG