Достапни линкови

Москва: Посета на Герхард Шредер


Германскиот канцелар Герхард Шредер денеска престојува во еднодневна посета на Русија. Шредер е првиот западен лидер кој се состанува со рускиот претседател Владимир Путин по неговиот реизбор на оваа функција на четиринаесети минатиот месец.
Најавено е дека двајцата државници ќе разговараат за развојот на односите на Русија со НАТО и со Европската Унија, во светлината на најголемите проширувања на овие организации со нови членки.
Државната изборна комисија изутрината го потврди заклучениот избирачки список во Македонија, со што треба да започне печатењето на гласачките ливчиња. Списокот содржи сто и пеесет страници за триесет и четири општински избирачки комисии со две илјади деветстотини седумдесет и три гласачки места. На единствениот избирачки список се запишани милион шестотини деведесет и пет илјади и сто и три гласачи.
XS
SM
MD
LG