Достапни линкови

Кампањата ќе успее да ги мобилизира и неопределните


„Не знам дали ќе гласам воопшто.“

Овој одговор на неодлучнот сеуште е присутен меѓу дел од граѓаните во услови кога изборната кампања за претседател е во тек. Причина за тоа е недоврбата на луѓето во македонските политичари

„Сите политичари работат на ист начин. Ветуваат и ништо не исполнуваат.“

Според експертите од функција да ја поттикне одлуката за избор на гласачите кои во меѓувреме не се определиле:

„Битно е што ќе се случи во наредните денови, мислам на текот на изборната кампања, на кандидатите итн и мислам дека и тоа ќе влијае на одлучувањето, посебно на оние неодлучени гласачи, дали ќе одлучат да апстинираат или ќе гласаат за некого итн. Дали од понудената листа, ќе се определат за некого или не.“

вели Лидија Христова од Институтот за социлошки и политичко правни истражувања. На последното истражување што оваа институција го спроведе пред неколку месеци 20 насто од испитаниците одговориле дека немаат донесено одлука дали ќе излезат да гласаат. Прашани за фактор што би ги предомислил во текот на кампањата граѓаните велат.

„На пример да ми најде работа, на мене на жена ми, друго ништо.“

Овој одговор во чие исполнување соговорникот како што вели не верува е илустрација на проблемот што во најголем процент ги засега луѓето во Македонија. Од овие причини тие велат оти во услови на невработеност во земјава и тешка економска и социјална положба партииите ненаменски ги трошат парите во изборната кампања, на естрадни ѕвезди што ги ангажираат во неа и на реклами и спотови:

„Мислам дека нема логика, тие пари може да се искористат многу попаметно, нека се дадат за домови за старци, нека се дадат за здравство, секаде може да се употребат само мислам дека ова е многу излишно.“

„Ова се само трошоци. Не треба кампања, ништо тоа не менува, народот е определен.“


Една матурантка која сеуште не се определила за претседателски кандидат вели:

„Ќе видиме. Можеби нешто ќе надвладее да гласам или можеби партиските убедувања.“

Лидија Христова од Институтот вели дека досегашните истражувања покажуваат оти граѓаните во Македонија гласаат за партија, а не за личност.
XS
SM
MD
LG