Достапни линкови

logo-print

Изгласување на обединувањето на Кипар


Кофи Анан ги повика сите жители на Кипар да го изгласаат планот за обединување на Кипар, кој предвидува формирање федерација меѓу грчкиот и турскиот дел и централна влада. Доколку референдумот биде успешен, целата територија на Кипар на 1-ви мај годинава, ќе и се приклучи на Европската Унија.

„Никој не може да биде сигурен што ќе донесе иднината, но сигурен сум дека мојот план нуди најдобри и најфер шанси за мир, просперитет и стабилност. Во минатото имаше многу испуштени можности. Грешките не треба да се повторуваат и треба да се искористи оваа можност за обединет Кипар.“

Изјави Анан, откако турските и грчките преговарачи во Швајцарија не постигнаа согласност и беше решено планот да оди на референдум. Турскиот премиер Реџеп Таип Ердоган ги повика кипарските турци и грци да го подржат планот на Анан, а грчкиот премиер Костас Карамалис изрази жалење што двете страни досега не постигаа согласност. Американскиот државен секретар Колин Пауел го подржа планот за обединување на Кипар, оценувајки го како историски момент кој треба да се искористи. Инаку, според планот на Анан, обединетиот остров ќе се вика Обединета Кипарска Република со ново знаме и химна, а ќе има федерална влада и две еднакви конститутивни држави. Сенатот ќе има 48 места од кои по 24 за двете заедници. Територијата на турскиот дел ќе биде редуцирана на 29 насто од сегашните 37 проценти. Кипар ќе има ко-претседатели до 13-ти јуни за кога се закажани избори, а претседателот и под-претседателот ќе бидат еден од грчкиот, а другиот од турскиот дел. Бројот на кипарските грци, кои беа протерани пред 30 години, а кои ќе можат да се вратат во своите домови, не може да биде поголем од 18 насто од бројот на кипарските турци во првите 19 години, а на останатите ќе треба да им се дадат компензации. Кипарските грци нема да можат да купуваат имоти во турскиот дел се додека и таму не биде достигнат најмалку 85 насто од животниот стандард како во грчкиот дел. Бројот на грчките и на турските војници на островот во наредниот период треба максимално да биде редуциран.
XS
SM
MD
LG