Достапни линкови

Вашингтон: Буш се согласил на јавно сведочење на Кондолиза Рајс


Американскиот претседател Џорџ Буш изјави дека се согласил да и дозволи на неговата советничка на национална безбедност Кондолиза Рајс јавно да сведочи пред Комисијата која ги испитува терористичките напади врз Њујорк и Вашингтон во две илјади и првата година. Досега Буш се противеше на ваквото сведочење на Рајс со образложение дека тоа би можело да ја намали способноста на неговите соработници да го советуваат претседателот.
XS
SM
MD
LG