Достапни линкови

Трите власти во Македонија не треба да си ја префрлаат вината


Оценката за состојбите во судството одговара на состојбите во државата, велат судиите во контекст на укажувањата за бавно и неефикасно судство како пречка за побрзо интегрирање во НАТО. Тие сметаат дека треба и во другите две власти да се овозможат претпоставки за да судството функционира поефикасно. Тоа значи дека е потребно усогласување на постоечката законска регулатива со онаа на земјите членки на Европската унија, бидејки, како што велат судиите законите кои се однесуваат на судството во некои делови не го издржаа тестот на времето.

„Трите власти треба да работат континуирано и да работат како врзани садови. Значи не да се работи на префрлање на вина. Не може судстовто да биде нападнато и на сметка на тоа што не се обезбедени некои законски можности за да може да биде поефикасно. Јас само апелирам, сите три власти во нашата држава да работат многу порамномерно и многу покоординирано. Во тој случај, не би се создавала ваква можност да се префла вината. Не треба така да работиме во нашата држава.“

изјави Ленче Софрониевска претседател на Републичкиот судски совет која додава

„Не сакам да бегам од одговорност дека во судството нема и субјективни слабости. Има и такви слабости, меќутоа тие во од треба да се надминуваат. Битно е што треба да се создадат и процесни претпоставки за поажурно и поефикасно судство. Во ваква ситуација кога не е обезбедена основата, тогаш може и меќу судиите да се јавуваат разни оправдувања дека само заради законите судството не е ефикасно.“

Дека е потребно да се работи во насока на зголемување на ефикасноста на судството смета и претседателот на Здружението на судии и член на Врховниот суд, Агим Мифтари.

„Преку министерстрвото се прави реформа во процесните закони за да се овозможи да се наалат тесните грла кои придонесуваат за долгото траење на постапките и незадоволството на граќаните. Исто така се предвидуваат и некои организациски промени, со што мандатните казни би биле издвоени од редовното судство итогаш би се дел од судскиот потенцијал насочил на решавање на потешките предмети, а не да се занимава судот со решавање на погрешно паркирање.“
XS
SM
MD
LG