Достапни линкови

Кедев и Џелили почнуваат денеска, Црвенковски и Острени утре


Сашко Кедев од ВМРО ДПМНЕ офицјално го означи почетокот на изборната кампања за престојните претседателски избори. Тој веќе оствари средба со граѓаните на Струга по што ќе го посети Вевчани, а денот ќе го заврши со митинг во Охрид.

„Една реченица која господинот Кедев постојано ја потенцираше, а ќе ја нагласува и натаму е дека секој граќанин на Република Македонија има право да работи, да заработува и со тоа да си обезбеди пристоен живот за себе и семејството. Понатаму дел од платформата на господинот Кедев е и зајакнувањето на меќуетничките односи, на меќуетничката хармонија во Република Македонија.“

изјави портпаролот на изборниот штаб на Кедев, Лазе Темелков. И претседателскиот кандидат на ДПА Зуди Џелили кампањата ја започнува денеска. Тој стартува од Скопје каде вечерва ќе се одржи партиската конвенција. Ние нудиме уште една шанса државата да излезе од кризата во која ја втурна актуелната власт, велат во изборниот штаб на претседателскиот кандидат на ДПА.

„Имаме наша визија за иднината на Република Македонија и со надеж, како што рекоа нашите опоненти, зошто да не биде идниот претседател на државата и Албанец.“

изјави Зуди Џелили.

Владините партнери СДСМ и ДУИ со претседателската кампања стартуваат нешто подоцна. СДСМ утре додека ДУИ в четврток. Со свечена конвенија во Скопје Бранко Црвенковски ја започнува трката за претседател на државата.

„Треба и мора да избереме претседател на државата. И тоа не било каков, туку претседател кој ќе гарантира дека ќе се остварат стратешките определби на нашиот народ и нашата држава.“

Тетово е градот од каде ќе тргне претседателскиот кандидат на ДУИ и ПДП Гезим Острени.

„Кампањата ќе се фокусира во платформата и програмата на ДУИ од последните парламентарни избори. Т.е. целосна имплементација на рамковниот договор, правична застапеност на Албанците во сите институции на системот и градење на нова реалност во посто воена Македонија.“
XS
SM
MD
LG