Достапни линкови

Филипини: Безбедносните сили спречиле поставување бомби врз цивилни цели


Претседателот на Филипините Глорија Аројо изјави дека безбедносните сили спречиле заговор за поставување бомби врз цивилни цели. Според Аројо уапсени се неколку членови на терористичката група Абу Сајаф кај кои се пронајдени 36 килограми експлозив. Било планирано експлозивот да се постави во шопинг центри во Манила односно да се предизвикаат серија експлозии како во Мадрид кога на 11 март беа убиени 190 луѓе.
XS
SM
MD
LG