Достапни линкови

logo-print

Ташкент: Специјални сили на Узбекистан водат борби со осомничени терористи


Специјалните сили на Узбекистан водат борби со осомничени терористи на околу 15 километри од претседателската палата североисточно од Ташкент, соопшти министерството за надворешни работи на Узбекистан. Од тој правец, како што јавија агенциите се слушнале и неколку експлозии. Претходно Итар тасс јави дека неколку луѓе биле повредени во експлозија која избувнала на контролно место во близина на Ташкент. За вчерашниот напад во Ташкент во кој 19 лица загинаа, а 26 беа повредени претседателот Ислам Каримов ја обвини исламистичката група Хис ут тахир.
XS
SM
MD
LG