Достапни линкови

logo-print

Новиот Закон за отпад решение за ублажување на состојбата


Почиста средина, за побрза евроинтеграција, ова е мотото на новиот Закон за отпад, на Министерството за животна средина, кој веќе се наоѓа во собраниска процедура. Надлежните очекуваат дека преку новите одредби предвидени со Законот конечно ќе се најде решение за ублажување на состојбата околу алармантноста на загадувањето на домашната животна средина. „Загадувачот плаќа“ е казната која, меѓу другите ќе следи за секој потенцијален загадувач:

„Се предвидуваат казни, од типот загадувачот плаќа. Значи, субјектите коишто создаваат отпад мора да платат за тоа, за потоа со нив да се дејствува за нивно отстранување и санација. Понатаму, казни од типот на плаќање на лице место, мандатни казни и казни со општокорисна работа. Значи, субјектите коишто вршат загадување треба со општо корисна работа да вратат,“

Ги објаснува и останатите предвидени санцкии имплементирани во Законот, Министерот за животна средина Љубомир Јанев.

Наплаќањето на казните, ќе го спроведуваат инспектори, кои ќе ги „уловуваат“ потенцијалните загадувачи, и на самото место ќе препишуваат соодветна казна. Но „казната“ за евентуалниот загадувач, може да биде и многу поголема од предвидената парична санкција чија цена дополнително ќе биде утврдена.

„Зависи и од видот на злото којшто ќе го направат субјектите во средината. И големи казни коишто предвидуваат и казни затвор.“

За најновите правила утврдени со Законот за отпад, граганите велат дека се правилни, и потенцираат „нашиот народ само така ќе се научи да ја чува својата околина,“

„Само така може да се дотера во ред, казната да го удри човекот по џев“

„Единствен начин да имаме чист град е да имаме ригорозни казни.“

„Ова кај нас, на се личи, ама на една метропола не личи.“
XS
SM
MD
LG