Достапни линкови

Скопје: Премиерот Црвенковски патува во тридневна посета на Вашингтон


Премиерот Бранко Црвенковски денеска патува во тридневна посета на Вашингтон каде ќе присуствува на свечената церемонија по повод предстојниот приемот на седум нови членки на НАТО. Председателот на Соединетите Држави Џорџ Буш на оваа свеченост ги покани и премиерите на Македонија, Албанија и Хрватска - земјите потписнички на Јадранската Повелба. Според најавите од кабинетот на премиерот, Црвенковски ќе има свое обраќање во кое ќе ги презентира македонските достигнувања на патот кон НАТО.
XS
SM
MD
LG