Достапни линкови

Скопје: Врховниот суд ја одби жалбата на Љубе Бошковски


Врховниот суд на Република Македонија со Решение ја одби како неоснована жалбата на претседателскиот кандидат Љубе Бошковски. По извршениот увид во списите на предметот, Врховниот суд оцени дека жителството на Бошковски во другите републики на СФРЈ се смета од 14 април 1989 година до 17 ноември 1991, кога Македонија стана самостојна и суверена држава со донесувањето и прогласувањето на Уставот. Со Одлуката на Врховниот суд се потврди дека Државната изборна комисија правилно го утврди тој рок. Во трката за претседател на Република Македонија на вонредните избори што ќе се одржат на 14 идниот месец остануваат Бранко Црвенковски, Сашко Кедев, Гзим Острени и Зуди Џелили. ДИК утре ќе изврши жребување за да го утврди редоследот на кандидатите.
XS
SM
MD
LG