Достапни линкови

Продажбата на ЕСМ е погрешен потег


Продажбата на Електростопанство на Македонија е потполно грешен потег во овој момент. Државата несмееше да изгласа закон за продажба на последната државна профитабилна фирма. Аргументот дека со овој потек полесно ќе влеземе во Европа е сосема погрешен, бидејќи ниедна од соседните земји во транзиција го нема тоа сторено тврди академик Томе Бошевски.

„Ние сме последни каде што треба да бидеме први, а сега каде што не треба да бидеме први, сме први. На Балканот ниедна држава не го отуѓила електростопанство. Еве Словенците коишто се многу попаметни од нас го запреле тоа.“

Продажбата на електростопанство значи добороволна економска колонизација бидејќи земјата од каде ќе дојде инвеститорот кој ќе го купи ЕСМ ќе има директна можност да вилјае и на стандардот на граѓаните со оглед на фактот што ќе го продава еден од најнеопходните производи за живот вели Бошевски:

„Замислете Франција своето електростопанство да го продаде на Британија или Гермнанија. Замислете ние нашето електростопанство да го продадеме на Грција или на Албанија. Тоа може да ни се случи. Како што ја продадовме Окта на Грција, можеме и ЕСМ да го продадеме.“

Погрешен е и замислен и начинот на реструктуирање на ЕСМ во две друштва. Односно пренос, кој ќе остане комплетно во државна сопственост ќе биде исклучително мало и непрофитабилно претпријатие тврди Бошевски:

„Новото претпријатие што се формира е двеста – триста луѓе. Тоа е тело кое што функционира се распарчува, и другото парче работи, се знае.“

Макеоднија одлучи да го продава Електростопанство на Макеоднија без притоа да побара мислење од домашна научна институција, да консултира домашни експери, да формира тим од луѓе кои повеќе години работат на енергетскито систем , а кој Ќе одговорат на праШањето дали треба и како да се реструктуира и приватизира ЕСМ.

„Тие требаа официјално да побараат мислење, да направат и студии за тоа, да видат што ги чека. Тие одат, а што ќе биде со тоа, господ да ни е на помош. Тие да направеле студии, да направеле анализи, ние ќе се припремевме.“

Во случајот ЕСМ се продава по консултации на меѓународна банка, чии извештаи никаде не се пласирани односно никој нема сознанија што и како е советувано и дали тоа што е советувано е издржано.

„Тие имаат консултант некоја меѓународна банка. Каква врска има банка со нашето електростопанство? Значи, таа банка работи една година, што работи е тајно. Не се знае дали некој ги ревидирал заклучоците на таа банка.“

во почетокот на 2000 година тие што го продаваа ЕСМ го проценуваа и бараа од идниот сопственик и до четири милијарди долари за продажба на оваа компанија. Но, според вистинската пазарна вредност односно последната понуда на заинтересираните не е повисока од 1 милијарда долари.
XS
SM
MD
LG