Достапни линкови

Партиите за изборите обично трошат двојно повеќе средства од законски предвидените


Во Македонија постои голем расчекор мегу правната регулатива и реалноста во делот на политичката корупција и финансирање на партиите и нивните кандидати во изборите, велат во институциите во земјава кои го анализираат ова прашање. Во годишниот извештај пак на „Транспаренси Интернешнл,“ Македонија се наоѓа некаде во средина на групата земји во однос на способноста на законската регулатива да се справи со корупцијата во финансирањето на политиката. Од Транспарентност Македонија велат дека она што и недостасува на земјава во законската регулатива е да се наметне обврска на партиите да имаат потполна јавност во нивното финансирање, односно да ги објавуваат извештаите за начинот на кој ги прибрале парите, за изворите износите и начинот на кој се потрешени. Според законската регулатива партиите во кампањата можат да потрошат околу 400 илјади евра, но според истражувањето на Транспарентност Македонија сумата е многу поголема:

„Ако се направи многу едноставна математика, на политичките партии и нивните кандидати, им требаат дневно некаде околу 40 и 60 илјади евра, најмалку само за да ги покријат медиумите и да направат еден митинг во еден град во Македонија. Од друга страна, изработката и осмислувањето на кампањата, односно цените коишто ги знаеме дека важат во Република Македонија, по коишто работат рекламните агенции носи меѓу 80 и 100 илјади евра само за изработка на кампањите. А, материјалите потребни за предизборната кампања, од плакати, летоци, пенкала, запалки итн, чинат некаде од 250 до 400 илјади евра. Грубата математика вели дека една кампања којашто трае некаде околу 15 дена, никако не може да се направи под 1,2 до 1,5 милиони евра. Што значи, значајно се надминува сумата којашто смеат политичките партии да ја потрошат,“

вели Зоран Јачев од оваа институција кој посочува дека за да се надмине оваа ситуација потребно е да реагираат надлежните институции

„Нема потреба да чекаме да се донесе нов законски пропис, бидејќи во законот за избор на пратеници и во законот за политичките партии има доволно елементи, за да може некому да се додели таа улога. Нашето мислење е дека тоа треба да го направи ДИК, бидејќи таа е надлежна за сите аспекти на изборите.“
XS
SM
MD
LG