Достапни линкови

logo-print

Корумпираност на политичарите во светот


Деновиве Транспаренси Интернешнл излезe со извештај за корумпираноста на политичарите во светот. Во него се наведува дека тие црпат илјадници милиони долари во некои од најсиромашните земји, одземајќи им на своите граѓани средства за здравствена заштита и образование.

Во Глобалниот корупциски извештај е вклучен и списокот на десеттемина најлоши политичари кои ги проневериле јавните фондови на нивните држави во изминативе дваесет година. Најмногу од нив се од Азија, Африка и Латинска Америка, а на чело на листата е поранешниот претседател на Индонезија Мохамед Сухарто. За него се смета дека успел да присвои над триесет и пет милијарди долари. На топ листата се и двајца источно европејци, поранешниот југословенски претседател Слободан Милошевиќ и екс премиерот на Украина Павло Лазаренко. Корупцијата е во пораст и во поранешните комунистички држави, вели Миклош Маршал директор на Транспаренси Интернешнл за Европа и Централна Азија.

„Додека можеме да сметаме на извесен прогрес во таканареената дневна корупција, како на пример при спречувањето на поткупувањето на сообраќајната полиција во Централна Европа, оние големите корупциски шеми, односно најважната политичка корупција е во пораст и тоа е многу негативен тренд во транзиционите економии.“

Во извештајот на Транспаренси Интернешнл се покажува како корупцијата во политиката директно се одразува врз стандардот на обичните луѓе. Имено, таа им ги одзема можностите за нивна подобра здравствена заштита и за образование, што доведува до разочараност која пак води кон конфликти и насилство. Транспаренси истоа така забележува поради, како што се вели, загрижувачкиот тренд во Европа, а тоа е проширувањето на имунитетот на политичките лидери. Од друга страна како позитивно се оценува тоа што неколку земји усвоија антикорупциски закони и формираа соодветни тела во борбата против овој вид криминал. Но, Маршал вели дека таквите агенции за да бидат ефикасни мора да се независни.

„Ако тие и одговораат на извршната власт а не на парламентот, можете да ги заборавите. Антикорупциското биро треба да биде апсолутно независно и добро финансирано. Во спротивно тоа е дел од владината пропаганда. Мислам дека генерален проблем во секоја земја во Источна и Централна Европа е тоа што антикорупциските тела и одговораат на владата, а со тоа тие многу бргу стануваат партизирани и корупцијата секогаш ја наоѓаат во другиот политички блок, а не во сопствениот.“

Транспарени Интернешнл во својот извештај има поместува и идеи како да се спречи ваквото однесување на политичарите. Во нив се вклучени донесување на легислатива за судир на итереси и независен мониторинг, како и воведување меѓународни легални механизми со кои ќе се овозможи врашање на парите украдени од корумпираните политичари.
XS
SM
MD
LG