Достапни линкови

Изработена прва национална стратегија за млади


За прв пат во Македонија, во фаза на изработка е Национална стратегија за млади, која ке ги дефинира механизмите и инструментите врз основа на кои невладиниот и владиниот сектор во земјава, во иднина ке треба да одговорат, односно да работат, на потребите и проблемите со кои се соочуваат младите луге во државава. Националната стратегија која се планира да биде усвоена од страна на Владата и Собранието на РМ, е изготвена врз основа на десетмесечно истражување од страна на експертски тим од Филозофскиот факултет и Заводот за статистика, кое во целост ги идентифицира сите проблеми на младинците од земјава.

„Основната студија за младински трендови, ја покажа положбата на младите на десетина теми. Тоа е односот, образование, неформално образование, асоцијативно здружување на младите, одливот на млади мозоци од државата надвор, вработувањето, материјалниот статус на младите и многу други проблеми со кои се соочуваат младите во државава,“

изјавува Емилијан Стојковиќ директор на Проектот за развој на млади и деца, од Агенцијата за млади и спорт. Паралелно со идентификуваните потреби, интереси и проблеми на младата популација, ке следат соодветни кампањи за помош на младинците:

„Започнуваме со кампања за превенција од болести на зависност, ги опфаќаме сите теми, вклучувајќи и студија за младинско самовработување, односно студија за отворање мали бизниси која ќе овозможи поголем дел од младите луѓе сами да дојдат до работа, односно создавање на младинска берза на труд, која ќе им овозможи на младите полесно доаѓање до работа.“

институционализирањето на ваква Национална стратегија за млади е поддржана од младинците кои отворено ги лоцираат проблемите со кои се соочуваат во секојдневниот живот:

„Најголем проблем мислам дека сепак е немањето на идеја. Тие не знаат што да прават во животот. Поради недостиг на места за излегување во градот тие се оддаваат на пороци.“

„На место број еден би го ставила образованието кај нас и одливот на млади мозоци. Младите по завршување на средно образование се почесто заминуваат надвор.“
XS
SM
MD
LG