Достапни линкови

Конвенција за илегалната трговија за луѓе


Во Советот на Европа се подготвува конвеција против трговијата со луѓе. Taa има за цел не само да ја подигне свеста за проблемот туку и да им помогне на жртвите, оценува еден од нејзините коавтори, заменик генералниот скеретар на Советот Мод де Бот Бокико.

Заменик генералниот секретар на Советот на Европа Мод де Бот Бикико во последно време доста зборува за трговијата со луѓе. Таа учествува во формулирањето на конвенцијата на Советот против овој вид криминал кој според нејзините зборови бележи пораст

„Сведоци сме на зголемување на појавата на трговијата со луѓе во Европа. Иако немаме релеванти статистики и бројки можеме сепак да кажеме дека таа се зголемува. Јасно е дека профитот што со неа се прави е огромен. Се верува дури дека тој е поголем од заработувачката од трговијата со дрога.“

Таа вели дека проблемот е присутен е во сите земји членки на Советот на Европа и затоа е разбирливо што Советот е загрижен. Пред се затоа што трговијата со луѓе го загрозува човечкото достоинство и неговите жртви се најранливите – жените и децата.

Конвенцијата што се подготвува во Советот на Европа има за цел не само да ја подигне свеста за проблемот туку и да им помогне на жртвите вели де Бот Бикико

„Таа исто така треба да отвори легални решенија за жртвите што ќе им гарантираат дозвола за престој особено кога станува збро за жртви кои се подготвени да соработуваат со властите и да дадат информации што ќе ја помогнат истрагата.“

Дозволите за престој во ситуација кога Западна Европа се обидува да ја намали имиграцијата се можеби најделикатниот дел на конвенцијата, признава де Бот Бикико но вели

„Безоглед на тоа каква политика е усвоена во смисла на миграциониите бранови, кога се соочувате со такви човечки драми, мора да биде возможно земјите членки на Советот да направат исклучоци.“

Според нејзините зборови ова прашање во моментов е предмет на дискусии меѓу земјите членки на Советот на Европа. Во ситуација кога треба да избирате меѓу миграциона политика и заштита на луѓето на кои им е загрозено основното човечко достоинство мислам дека е јасно што треба да добие приоритет вели заменик генералниот секретар на Советот на Европа која верува дека оваа Конвеција ќе биде усвоена до средината на идната година.
XS
SM
MD
LG