Достапни линкови

Кажи Македонија


Последниот инцидент, што дојде директно од официјални лица од Советот на Европа, околу употребата на името на државава, има за цел да ја потсети македонската дипломатија дека проблемот со името не е решен, и дека од време на време очигледно, тој ќе биде актуелизиран од страна на нашиот јужен сосед:

„Ова само покажува дека нашиот проблем со Грција не е решен, дека тој постои и дека дипломатиите на двете земји настојуваат да си наштетат една на друга во меѓународните институции. Грција очигледно е активна на тој план, се обидува да го пренесе својот став во меѓународните институции како што е Советот на Европа и во конкретниов случај со овој нон пејпр којшто кружи низ коридорите на Советот на Европа настојува да ја дефинира нашата националност и нашата национална припадност, на начин на којшто тоа го прави,“

објаснува професор д-р Денко Малевски од Правниот факултет.

Неодамнешниот инцидент, предизвика ,,бура на цивилниот сектор,, и македонските граѓани, односно нивно обединување околу идејата за испракање на протестно писмо до Советот на Европа во врска со најновиот случај:

„Во Македонија се случи бура во цивилниот сектор, во една насока, дека може да не викаат само со уставното име, името е Република Македонија“

изјавува Пеце Талевски од Невладината организација ОХО.

Во оваа насока е и реакцијата на граѓаните:

„Како може еден човек кога ќе се крсти, да го прекрстуваш, тоа е нашата работа. Ние сме Македонци, имаме Македонија.“

„Треба да е како што сме, Македонци, не треба да е така.“


Протестно писмо до генералниот секретар на Советот на Европа, Валтер Швимер, минатата недела испрати и Министерството за надворешни работи, иако официјалните претставници од Стразбур, негираа дека постои документ кој се однесува на името на земјата или терминологија која се однесува на нејзините граѓани, јазикот или културата:

„На нас и на нашата дипломатија е да одговори со она што таа го има како нај арсенал. Меѓутоа, она што не е убаво во целава работа е дека проблемот сеуште постои и проблемот не е затворен,“

заклучува професор Малевски.
XS
SM
MD
LG