Достапни линкови

МВР ќе се грижи за редот и мирот, „Проксима“ ќе набљудува


МВР сеуште го поготвува планот за начинот на кој припадниците на македопнската полиција ќе го следат и обезбедуваат процесот на престојните претседателски избори. Дополнително ќе биде познат бројот на полицајците кои ќе бидат присутни на избирачките места информираат од МВР.

„Планот се подготвува. Во тек е обука на полицијата за начинот на постапување и однесување за време на изборите во согласност со сите законски обврски. Правиме напори за обука на полицијата за побрзо, поефикасно реагирање и за начинот на однесување.“

изјави портпаролот на МВР Мирјана Контевска. Во изработката на планот за зачувување на редот и мирот за време на претстојните претседателски избори, вклучена и е полициската мисија на ЕУ во Македонија „Проксима" и Државната изборна комисија.

Улогата на Евро-полицјците во земјава за време на изборниот проес ќе биде единствено наблудувачка и при евентуални инциденти тие немаат право да интервенираат, велат во Мисијата на ЕУ:

„Проксима во Македонија има само советодавни функции но не и извршни. Тоа значи дека македонската полиција и на овие избори ќе ја има улогата да го одржува јавниот ред и мир. Ние имаме доверба во македонската полиција, односно сметаме дака таа може да се справи со евентуалните инциденти,“

вели портапролот на ЕУ во Македонија Шина Томсон која се надева дека нема да дојде до инциденти и дека ќе има фер и демократски избори бидејки безбедносната состојба во македонија е стабилна дури и по последните случувањата на Косово.

Набљудувачката улога на "Проксима" ќе се однесува на безбедносниот аспект на изборите за разлика од другите мониторинг мисии како што е онаа на Канцеларијата на ОБСЕ за демократски институции и човекови права (ОДИХР), кои ќе ги набљудуваат изборите од политички аспект.
XS
SM
MD
LG