Достапни линкови

Вашингтон: Продолжува сослушувањето на федералната истражна комисија


Денеска во Вашингтон федералната истражна комисија ке го продолжи сослушувањето чија цел е да се утврди дали американските официјални личности можеле да ги спречат нападите врз Њујорк и Вашингтон на 11 септември 2001 година. Денеска треба да сведочи поранешниот координатор на Белата Куќа за анти – тероризам Ричард Кларк кој го обвини американскиот претседател Џорџ Буш дека ги игнорирал заканите од Ал Каеда фокусирајки се врз ирачкиот лидер Садам Хусеин. Буш вчера ги отфрли обвинувањата на Кларк тврдејки дека администрацијата ке реагирала доколку имала каква било информација.
XS
SM
MD
LG