Достапни линкови

logo-print

Патниците затекнати


Граѓани што ги користат услугите на „Македонски железници“ во утринските часови останаа затекнати на пероните. Причината е речиси ненајавено вработените во „Македонски железници“ повторно го активираа генералниот штрајк со комплетна блокада на сообраќајот. Одлуката за ваквиот потег е донесена вчера попладне така што оваа информација и не стигна до сите граѓани.

„Еве веќе еден час сум на желензичка, со торба сум дојдена, а нема воз, немам ни пари за да одам на автобус."
„Требаше да одам во Велес да го чувам внукот, моите таму чекаат, а јас сум тука, они штајкуваат."
„Пола саат чекам со двегодишн дете, ова е срамота. Не сме инфомрирани."


Ние ги информиравме институциите на системот во текот на вчерашниот ден. Тие беа должни да ја информираат јавноста. Да го исполнеа ветеното немаше да дојде до ова, вели претседателот на независнот синдикат на железничарите Марјан Ристевски:

„Првин кажаа дека ќе истакнат списоци до крајот на месецот, за после во април да ни кажат што ќе биде социјалниот пакет. Свикавме собир во текот на вчерашниот ден и одлучивме да почнеме штајк во седум часот."

Нема услови да работиме доколку сме под пресија дека можеби утре нашето име ќе биде исткнато на некој од списоците за бркање од работа велат вработените:

„Ние бараме социјален пакет, а тие не даваат ништо."
„Сите наши барања се основани, имаме поддршки од институции."
„Реално ако зборуваме ова е апашлук, нема ништо да биде."


Менаџментот на железници неколку пати најавуваше дека ќе го исполни ветувањето со одобрувањето на социјалниот пакет од седум илјади евра што го бараат вработените доколку бидат отпуштени од работа.
XS
SM
MD
LG