Достапни линкови

Американската војна против тероризмот за контрола на нафтата на Блискиот Исток


Дали американската војна против тероризмот е всушност за контрола на нафтата на Блискиот Исток?. Дали американскиот претседател Џорџ Буш и британскиот премиер Тони Блер лажеа околу ирачките закани ?. Дали е Осама бин Ладен Херој?.Според глобалното истражување на Пју истражувачкиот центар, за испитаниците одговорот на повеќето прашања е ДА.

„Тоа што го покажува истражувањето е дека кредибилитетот на Соединетите Држави е занишан. А кога бројките рефлектираат дека луѓето веруваат оти нашите лидери ги лажеле тогаш тое е неверојатно сериозна работа.“

Ова беше поранешниот американски државен секретар Медлин Олбрајт која зборуваше на прес конференцијата на објавувањето на податоците од истражувањето во Вашингтон. Истражувањето е извршено една година по започнувањето на војната во Ирак и тоа во 9 земји од Западна Европа и Блискиот Исток. Повеќето од луѓето во Јордан, Мароко, Пакистан и Турција држави со силни врски со Вашингтон, веруваат дека Америка ја презеде војната за да ја контролира нафтата на Блискиот Исток и да доминира во светот. Истиот став го делат и мнозинството испитаници во Франција и Германија, додека американците, британците и русите сметаат дека војната против тероризмот е потребна. Директорот на Пју центарот кој е носител на истражувањето Ендрју Кохут вели.

„Ние очекувавме по позитивен став отколку што добивме во споредба со претходното истражување во мај 2003. Гледаме дека недовербата кон Америка во Европа е повисока, а гневот на муслиманите е постојан.“

Европејците, според истражувањето, се дури и поцинични во однос кон американската влада и сметаат дека би било добро за Европската унија доколку е по независна во безбедносните прашања со цел да стане моќна како Соединетите Држави. Од друга страна Осама бин Ладен лидерот на Ал Каеда се доживува како позитивец во муслиманските држави. Околу половината испитаници во Пакистан, две третини во Мароко и Јордан сметаат дека нападите врз израелски цели и американските сили во Ирак можат да бидат оправдани. Според директорот на Центарот за стратегиски и меѓународни студии Патрик Кронин, поранешен член на Бушовата администрација, вели дека истражувањето дало вознемирувачки факти.

„Во суштина, моќта е извор на способноста да се влијае за да се постигне консензус. Соединетите Држави не направија добра работа околу тоа. Ова не е политичка изјава – ова е политички факт.“

вели Кронин. Единствено во Русија порасна подршката на војната против тероризмот на 77 насто.
XS
SM
MD
LG