Достапни линкови

Нема причина за стравување од новиот закон за здравствена заштита


Според новиот закон за здравствена заштита во иднина здравствените работници во земјава, ќе имаат право за извршување дополнителна дејност. Имено, на располагање ќе им бидат капацитетите и опремата на сегашните јавни здравствени установи, кои ќе можат да ги користат за извршување на приватна дејност од осум часа неделно. Не треба да постои стравување ваквиот вид трансформација во здравството, бодејќи само на ваков начин може да постигнеме поквалитетна услуга кон пациентите, сметаат здравствените работници:

„Ако е нешто позитивно во целава оваа работа, тоа е можноста за дополнителна дејност. Мислам дека стравувањата се непотребни. Ние сега во моментов доаѓаме во ситуација, пациентот да инсистира да му обрнете повеќе внимание. Со сегашниот начин за функционирање, еве јас конкретно имам еден ден во амбуланта каде што треба да видам 50-60 пациенти. 50-60 пациенти, замислете каква е таа здравствена услуга што му ја давате,“

објаснува доктор Борче Георгиевски.

Не само што ќе биде подобрена услугата кон пациентите, туку на овој начин ќе се исселектираат и квалитетните здравстевни работници, изјавува пак, доктор Атанас Атанасовски:

„И ден денеска, еве кога, не постои таа дополнителна здравтсвена дејност, има лекари што многу работат во иста организација, има лекари кои воопшто не работат. Има хирург којшто секој ден е во сала и работи. Има хирурзи кои цел месец не влегле во сала и не направиле една операција, а на први ќе ја добијат истата плата и едниот и другиот.“

Граѓаните го делат мислењето на здравстевите работници, во однос на подобрувањето на нивниот однос кон пациентите. Но, според нив со вака трансформираното здравство се поставува прашањето за смислата на идното плаќање на здравствените придонеси:

„Ако веќе сите редовно плаќаме здравстено осигурување, а ретко кој е задоволен од тоа колку нас ни се одзема во текот на нашиот работен стаж. Ние многу малку за тоа добиваме за возврат.“

„Сите оние кои сакаат додатно да работат, да не останат во ординациите што се на заедницата, да си отворат свои приватни ординации.“


Според критериумите, докторите кои ќе извршуваат дополнителна, односно приватна работа во јавните установи треба да имаат најмалку седум години специјалистичка пракса. Останатите правила ќе бидат утврдени со дополнителен подзаконски акт.
XS
SM
MD
LG