Достапни линкови

Уписот во средните училишта создаде конфузија


Од најавите дека при запишувањето ќе се бодира само успехот до осмо одделение, засегнати се учениците кои планираат да се запишат во стручните училишта. Рокот до кој треба да бидат објавени конкурсите се ближи. Ним не им е познато дали во сите училишта ќе важи најавата оти при конкурирањето нема да бидат земени предвид дипломите со кои некои од нив се стекнале во текот на образованието:

„Јас сум се стекнал со дипломи во фудбал, второ место бевме во Шпанија и на други турнири.“

„Треба да бидат земени дипломите предвид. На пример некој можеби сака да се запише во тоа училиште, а нема доволно поени, така што дипломите може да му донесат некој поен.“


Отворени прашања има и во други сегменти во уписната политика. Едно од нив, се однесува и на најавата дека ќе се отворат неколку нови стручни паралелки. За сега, меѓу учениците нема доволно информации од кој тип ќе бидат тие, за да може да донесат одлука за избор. Не е јасно исто така, што се случува со најавите дека покрај средното медицинско училиште, за прв пат ќе бидат отворени и медицински паралелки во други градови во државата. Просветните работници укажуваат на предностите, но и слабостите на таквото решение:

„За самите ученици би било добро. Ќе се намалат нивните финансиски проблеми во врска со престој, превоз итн, меѓутоа понатаму ќе треба да се направи една анализа за стопанството, дали тој кадат што ќе се продуцира, дали ќе направиме хипер продукцука.“

До моментот кога министерството до детали ќе ги образложи планираните промени, за сега, единстевно како практична и олеснувачка се оценува најавата дека при запишувањето нема да се полагаат приемни тестови. Славица Арсовска од УСМ вели:

„Дали е решение приемен испит на којшто ќе се потврдат тие знаења, бидејќи тоа сепак се ученици од 13-14 години, дали тоа не е преголем стрес за нив и навистина може да се покажат во вистинско светло. Сметам дека тука има големи проблеми коишто посебно се случуваат при уписите во средно образование.“
XS
SM
MD
LG