Достапни линкови

logo-print

Византија: вера и моќ


Утре во Метрополитен музејот во Њујорк ќе биде отворена голема изложба на која ќе биде прикажано богатството на Византија. Седумте години на истражување и соработка донесоа во Њујорк триста седумдесет и седум уметнички дела кои потекнуваат од од Македонија, Русија, Бугарија, Грција, Србија и Црна Гора, Романија, Египет и Турција. Повеќето од ремек делата никогаш предходно немаат излезено од црквите и манастирите од каде што се позајмени.

Византија: Вера и моќ е насловот на изложбата што го покрива периодот откако Константинопол ја продолжи улогата на културен и политички центар на Источното Римско Царство се до илјада петстотини пеесет и седмата година. Имено таа година германскиот научник Хиеронимус Волф го употреби терминот Византија за да ја идентификува државата која еден век претходно беше осовоена од Отоманските турци. Метроплитен музејот дсега има поставено две помали изложби на уметнички дела од раниот период на Византиското Царство. Но, како што вели директорот на овој музеј Филипе де Монтебело, сегашната изложба е поопширна и позначајна.

„Многумина од нас не можеа да си претстават дека ќе бидеме во состојба да донесеме заедно многу ретки дела од три векови, почнувајќи од илјада двесте и четвртата година. Тоа е тешко да се напарави и во нормални услови, а камо ли во едни тешки геополитички проблеми.“

Иако главна тема на изложбата е иконграфијата на Православното христијанство, на неа ќе бидат прикажани и литургиски објекти, ткаенини, царски печати, монети и ракописи. Изложбата, меѓу другото, има за цел да ја покаже значајноста на Византиската култура за Западот, посебно нејзината важност за развојот на Ренесансата, како и за исламскиот свет. Хелен Еванс кураторка на изложбата вели дека најчесто на доцната Византија се гледа како на фаталистичко и стрикно религиозно културно подрачје поради претстојното освојување од страна на Отоманските турци. Но, Еванс додава дека оваа изложба го покажува токму спротивното:

„Се надевам дека оваа изложба ќе придонесе луѓето да го сфатат оптимизмот со кој Византија го врати своето главно место во илјада двесте шеесет и првата година. Исто така се надевам дека ние кои бевме на другата страна на историјата на таа држава ќе признаеме дека политичките пропаѓања не секогаш кореспондираат со оние културните.“

Доцниот период на Византија донесе и интензивирање на трговските и културните контактите меѓу комплексните христијански и муслимански светови што може да се види во делата на двете страни од тој период. Изложбата на Византиското културно богатство во Њујорк ќе биде отворена до четврти јули годинава, време за кое ќе бидат организирани симпозиуми и концерти фокусирани врз Византија.
XS
SM
MD
LG