Достапни линкови

Сеуште без официјално известување и коментар од училиштата


Министерството за образование најави промени во уписната политика во средните училишта според кои приоритет во запишувањето ќе има само успехот до осмо одделение, додека дипломите стекнати за други знаења нема да се бодираат, како и дека нема да има приемен испит. Во училиштата, официјално немаат добиено известувања за новните коишто се најавени, иако се очекува до крајот на оваа недела веќе да бидат објавени конкурсите.

„Официјално таква информација немаме достравено, ниту дискутирано на наставнички совет,"

велат педагошките работници, кои од овие причини не можат да ги коментираат промените во уписната политика што се најавуваат. Во УСМ исто така не се информриани за критериумите според кои во училиштата се планира да се спроведе уписот. Претседателот, Славица Арсовска своите сугестии ги темели врз основа на она што Министерството за образование го најави во медиумите. Таа смета дека е грешка ако при запишувањето не се земаат предвид дипломите, туку само успехот до осмо одделение.

„Најголемиот проблем се јавува во тоа што понекогаш, кај некој предмет порпуст на некој професор може да има големо влијание врз уписот. да речеме, во мојата гимназија Јосип Броз Тито, сите што дојдоа и се запишаа беа со 5.00 успех, колку е тоа објективно? Понатаму во текот на образованието има само пет ученици кои што успеваат да одржат 5.00, значи мора да има некој пропуст во оценувањето, значи сите не го заслужувале тој успех. Мислам дека воншколските активности, без разлика дали се натпревари или учество во невладини организации, треба образованието да им дава многу поголемо значење."
XS
SM
MD
LG