Достапни линкови

Приштина: Ден на жалост


Денеска на Косово е ден на жалост за жртвите од минатонеделоните насилства во таа покраина, во кои според последните информации на УНМИК, загинале дваесет и осум лица, над осумстотини биле повредени, а скоро четири илјади срби ги напуштиле домовите. Се очекува денеска Косово да го посетат генералниот секретар на НАТО Јап де Хоп Схефер и претседавачот на ОБСЕ и шеф на бугарската дипломатија Соломон Паси. Схефер синоќа во Будимпешта изјави дека проблемите на Косово не можат да се решат со насилни методи и оти Алијансата ќе стори се за зачувување на сигурноста на сите жители во Покраината.
XS
SM
MD
LG