Достапни линкови

Газа: Убиени петмина Палестинци


Израелските војници во јужниот дел на Појасот Газа убија тројца палестински милитанти и двајца случајни минувачи. Според палестински извори, во операцијата на израелските сили има и најмалку 10 повредени. Претставник на израелската армија, соопшти дека цел на операцијата била да биде уапсен еден активист на Хамас кој се криел во близина на бегалскиот камп Хан Јунис. Активистот на Хамас избегал во соседното село Абасан каде што дошло до престрелка меѓу неколкумина палестински милитанти и изралеските војници.
XS
SM
MD
LG