Достапни линкови

Багдад: Најмалку 11 повредени во експлозија во центарот на градот


Најмалку 11 лица се повредени во експлозиите што се случија денеска во близината на седиштето на сојузничките сили во центарот на Багдад. Две ракети експлодирале во „Зелената зона“, седиштето на коалициските сили во Ирак во некогашниот комплекс палати на Садам Хусеин, додека третата експлодирала на улицата во близина на палатата. Анонимен американски претставник, соопшти дека се уште не се знае дали има жртви во палатата. Според полицијата, од експлозиите во центарот на Багдад повредени се 11 лица, меѓу кои две жени и едно дете.
XS
SM
MD
LG