Достапни линкови

Мадрид: ЕТА повикува на дијалог со шпанските власти


Баскиската сепаратистичка организација ЕТА соопшти дека е подготвена на дијалог со новите шпански власти за мирно решавање на проблемите. Во писмото на ЕТА што денеска го објавува баскискиот весник “Гара", се повикува идниот шпански премиер Луис Родригес Сапатеро да напави „силни и смели чекори" за исполнување на барањата на Баскијците. ЕТА нагласува дека ќе продолжи да се бори за остварување на нејзините цели, но е подготвена несогласувањата со властите во Мадрид да ги решава со дијалог.
XS
SM
MD
LG