Достапни линкови

Приштина: 24 загинати во неколкудневните судири на Косово


Цивилната администрација на ОН на Косово, соопшти дека во неколкудневните судири во покраината животот го загубиле 24 лица, а 851 се повредени, од кои 22 потешко. УНМИК не ја наведува националната припадност на загинатите и повредените. Меѓу повредените се и 98 припадници на ОН и на локалната полиција, како и 58 војници на КФОР. Демолирани и запелни се 30 православни цркви и манастири, 27 возила на УНМИК, 19 возила на Косовската полиција и 24 цивилни возила.
XS
SM
MD
LG