Достапни линкови

Гзим Острени, претседателски кандидат на ДУИ. Иднината на Република Македонија мора да се гледа со оптимизам


Врз што се темели политичката програма врз која вие како кандидат на ДУИ ќе настапите на претстојните претседателски избори?

Ние сме заинтересирани за продолжување на започнатата работа од страна на покојниот претседател, во реализацијата на одредбите на Охридскиот договор и на промените на Уставот на Република Македонија и изградувањето на европски стандарди кои ќе овозможат Република Македонија што побргу внатре да изгради европски односи и евро атлантски исто така, за да може што побрзо да се прими во НАТО и во ЕУ. Овде нормално секако дека треба да се залагаме сите како и досега за добрососедски односи кои ќе одат во правец на регионалните интегративни процеси за да се создадат можности полека да патуваме кон ЕУ. Ама, има многу рамноправна основа се ова што го зборувам, секогаш имам предвид дека колку ги почитуваме другите и тие нас треба да не почитуваат и со една наша заложба прво мора да постигнеме хармонија на сите односи внатре во Република Македонија.

На претседателските избори излегувате како кандидат на вашата партија и на ПДП. Зошто Албанците не настапија со единствен кандидат?

Не ми е задоволство да зборувам по етничка основа, зошто Албанците? Тогаш, би рекле зошто сите не настапивме со еден кандидат. Одговорот би бил дека сите ние немаме една политичка платформа. Некои се залагаат за поделба на Македонија, некои за единствена независна цела Република Македонија како што е сега. Според тоа, кога едни настапуваат дека не се остварува рамковниот договор, а другите викаат дека работиме постојано, постигнуваме соодветни резултати кои може да се видат и малку по малку граѓаните ќе почнат да ги уживаат тие права за кои се залагаме, тогаш се наметнува да се излезе со кандидат кои ги брани тие станови и овие ставови, за да може граѓаните после да се определат за која опција тие ќе гласаат.

Спротивно од ДПА, во која зборуваат за можност од создавање етнички држави ако не се спроведе Рамквониот договор, вие говорите дека Македонија ја гледате во постоечките државни граници. Како гледате на Македонија во перспектива?

Не е добро јас да ги коментирам ставовите на другите партии. Меѓутоа, затоа што нашите идеи често пати се сретнувале со идеите на господинот Џафери, ние имаме еден договор кој се случи помеѓу ОВК и политичките партии за време на 2002 година, за време на војната во Република Македонија, каде што точка број 1 во тој договор е сочувување на целовистоста и независноста на Македонија и каде што се инсистира да се исклучи силата од демократските процеси. Овој договор го има потпишано господинот Џафери. Потоа е Охридскиот договор, каде што исто така, точка еден, два, се истите, нели, и тој договор го има потпишано господинот Џафери. И сега, ете, се има нова опција, ние остануваме на нашите ставови. Мислам дека не водиме дневна политика, туку имаме долгорочна политичка програма, долгорочни политички ставови, имаме определени цели кои треба да ги постигнеме, а тие цели водат кон ЕУ и НАТО.

Дали за албанскиот политички блок изборите претставуваат само мерење на рејтингот. Вашиот коалиционен партнер Беџети рече дека во Македонија сеуште се избира претседател само по етничка основа?

Нема плуралзизам, ако влегуваме во избори или во било која друга политичка активност со проценки дека ќе изгубиме. Ние учествуваме во изборите за да победиме. И кај Албанците во Македонија треба да се развива совеста дека тие се граѓани на Македонија и дека никој до сега не рекол дека за нивниот кандидат глас нема да дадат и Македонците, и Турците, Бошњаци, Роми и се што живее во Македонија. Малку по малку треба да создадеме услови да преминеме на добар претседател, на добра политичка платформа. Не секогаш треба Албанците да го дадат гласот за Македонците или Ромите или другите, туку треба да создадеме услови Македонија да фунцкионира како граѓанска држава и да има граѓанин како претседател.

Зборувате за она врз што ќе работите. Но, колку е реално да се очекува тоа?

Јас мислам дека ова ќе претставува мерење на политичката совест на граѓаните, не на политичкиот рејтинг по етничка основа.

Вашата партија, првично имаше најави дека нема да излезе со сопствен кандидат, туку дека ќе го поддржи кандидатот на партнерот во власта, зошто се предомисливте?

Не, сега вие зборувате за опции на размислување. Ова што сега се случува е став на партијата, да се учествува во изборите, е одлука со соодветен кандидат и ние имаме наша платформа и нормално да имаме наш кандидат. Добро е да се има повеќе разлики и во тоа е суштината на изборот.

Дали доколку не се пласирате во вториот круг, ќе ги пренасочите гласовите за друга политичка опција или ќе оставите да одлучи електоратот?

Прво, нашиот став е во Македонија, не смееме да дозволиме да има политичка криза во изборот за претседател. Но, за да стекнеме право да одлучиме за тоа прво треба да влеземе во игра на избори, па ќе видиме што ќе жнееме до сето тоа. Кога ќе дојде да се одлучува за ова што разговараме ќе видиме кој со каков капитал доаѓа, за да одлучуваме потоа што понатаму.

Во случај на поддршка на кандидат од друга политичка опција, ќе биде ли таа условена со договарање решенија што се од интерес во вашата програма?

Еве и вашето прашање е така насочено, како секогаш Албанците треба некому да му ги дадат гласовите. А, зошто некогаш и да не земаат гласови?

Имате ли ветувања од некои политички партии за такво нешто или станува збор за ваши очекувања?

Не, ниту ние ветуваме ниту некој сакаме да ни вети. Ние сме независна партија, автономна, ќе одлучуваме како е најдобро за нашата политичка платформа. Ако, на минатите избори за претседател, да речеме, Албанците дадоа колку стотици илјади гласови, може тоа да биде и во обратна насока во некој случај, но затоа не е добро сега нешто да се каже во врска со тоа.

Последна обврска од Охридскиот договор претставува претстојната децентрализација. Кои се решенијата што вашата партија ги смета како најоптимални?

Пред малку реков дека се ова е еден процес низ кој најтешко се менува граѓанската совест, било да е тоа во смисол на фискалната децентрализација, било да е тоа во територијалната поделба, политчка на територијата, ништо не се изнесува надвор од Македонија. Се е тоа форма и начин, како граѓаните да се вклучат во управувањето со себе си, со носењето на одлуки, закони повисоко и слично. Поради тоа мене тоа не ме плаши. Како и да ја поделиме ќе се сложиме. Меѓутоа, ако навлегуваме во Охридскиот договор и предвидувањата од уставот, односно како уставот е одреден, тогаш сосема напредно, добро, културно и со почитување би постигнале подобри и поголеми резултати кога би овозможиле овие закони што ги носиме да овозможат примена што поголема на предвидувањата на охридскиот договор, и новиот устав, што поголеми, тоа поголема демократија, тоа поголема безбедност.
XS
SM
MD
LG