Достапни линкови

Приштина: Меѓународните сили го засилуваат присуството на Косово


Меѓународните сили предводени од Нато го засилуваат присуството на Косово каде што изминативе денови во насилствата животот го загубија 28 лица а најмалку 600 – тини беа повредени, соопшти УНМИК. Според истиот извор, запалени се 16 православни цркви и други верски објекти како и 110 српски куќи. Нови сили на Косово пристигнуваат, а според најавите на земјите членки на алијансата, тие ке бројат околу 2 илјади војници како дополнително засилување на 18 илјади трупи. Во поделената Косовска Митровица се упатени нови трупи. Во Приштина британските војници ги засилија патролите. Општа оценка е дека во последниве 24 часа ситуацијата е главно мирна. Преставниците на Косовските институции и албанските политички лидери го осудија насилството и повикаа на враќање на нормалниот живот.
XS
SM
MD
LG