Достапни линкови

logo-print

Претседател нема да се избере во првиот круг на изборите


Внатрепартиските поделби и влегување во изборната трка на повеке кандидати од една политичка партија, ке има влијание на состојбите во партиите, смета Рената Дескоска од Правниот факултет. Според неа тоа покажува и оти во првиот круг не може да се избере претседател.

„Проблемот што од една политичка партија ќе има двајца кандидати на претседателските избори, може да влијае да има цепење на партиското членство. Во секој случај тоа покажува дека во првиот круг е невозможно да се избере претседателски кандидат, посебно заради големиот број претседателски кандидати, од една страна, и подвоеноста во иста политичка партија или пак во слични идеолошки политички партии.“

Изјави Дескоска. Доста Димовска предводник на политичкото крило во ВМРО-ДПМНЕ, партија од која се кандидирани двајца членови, ги повика симпатизерите да гласаат по свое видување поточно за кандидат од опозицијата кој со својата програма е близу до политиката која ја водеше загинатиот претседател Трајковски. Таа посочува дека е несомнено дека влегувањето во изборната трка на двајца кандидати ке ја доведе партијата до внатрепартиска криза, а оти тоа нема да има толкаво влијание на исходот на изборите

„ВМРО-ДПМНЕ е пред сериозна внатрепартиска криза, токму заради грешките во политиката што ја води новото раководство. Се направија погрешни проценки, не успеаја да излезат со еден кандидат, така што со двајца кандидати повеќе од извесно е дека ќе дојде не само до расцеп во партијата, туку и до пораз на претседателските избори. Повеќе од извесно е дека со кандидатурата на сегашниот премиер од страна на левицата повеќе шанси има левицата во оваа изборна трка за претседателските избори.“

Вели Димовска.

И Тито Петковски од СДСМ најавуваше дека ке оди до крај во внатрепартиската битка, но тој се откажа, а по конвенцијата изјави

„Независно што јас му кажав на претседателството на можните импликации, од ова, околу изборите во самата партија, дека може да дојде многу турбулентен период, но претседателството оцени дека е најважно да се добие оваа битка.“
XS
SM
MD
LG