Достапни линкови

Девет мртви и над 200 повредени


Најмалку девет лица загинале а повеќе од двесте се повредени во денешните судири во косовска Митровица. Меѓу повредените се и 11 француски мировници . До судирите дојде откако албански демонстранти се судриле со полицијата на УМНИК и КФОР на мостот на реката Ибар која го дели градот на албански и српски дела по што започна пукање од двете страни .Во моментов во Митровица ситуацијата е мирна но напната, пренесуваат агенциите. Меѓународните сили го контролираат мостот .Причина за судирите е неразјаснетата смрт на две албански деца кои се удавиле , додека по третото сеуште се трага. Истовремено во селото Чаглавица во близина на Приштина до судири дојде откако Србите го блокираа патот поради вчерашното ранување на еден нивен соселанец. Агенциите јавуваат дека 5 српски куќи се запалени од страна на околу илјада Албанци кои го пробиле кордонот на УНМИК. Бета јавува за двајца ранети. Цивилниот администратор на Косово Хари Холкери побара смирување на ситуацијата и враќање на мирот.

„Разбирам дека во вакви моменти емоциите се многу силни но јас апелирам до сите заедници да останат мирни бидејќи вакви инциденти ја загрозуваат иднината на Косово,“

рече Холкери.

Сличне апел упати и косовскиот председател Ибрахим Ругова, додека премиерот Реџепи побара од НАТО и Обединетите Нации да го воспостават редот и мирот.

Поради новонастанатата состојба на Косово зголемена е будноста на македонската граница се вели во соопштението на Генералштабот на македонската армија.
XS
SM
MD
LG