Достапни линкови

Тито Петковски сигурен кандидат, Црвенковски сеуште размислува


Неизвесноста кој ќе биде претседателски канидат на СДСМ продолжува. Дали лидерот Бранко Црвенковси сепак ќе се реши дали ќе се кандидира за претседателски кандидат, ќе биде познато денеска попладне.

„Тоа ќе видиме. Денеска тој ќе се произнесе на седницата на претседателслството. Очекуваме некаде во 13 часот,"

изјави Тито Петковски.

По лидерот Црвснковски кој беше предложен за претседателски кандидат од сеите 98 општински организации, Петковски е втор на листата со номинација од 87 општински организации. Следат, Владо Бучковски и Илинка Митрева. Петковски независно од тоа дали ќе се кандидира Црвенковски останува во трката за претседателски кандидат на СДСМ:

„Да, да. Јас го почитувам она што го предложија општинските, месните организации итн и претпоставувам дека тоа да биде некој критериум и треба да биде некое мерило за тоа кој треба да се најде во финалниот дел од целава процедура. Искрено очекувам, бидејќи практично најголемиот товар од кампањата треба да падне на нив. Инаку, немаше смисол да покренеме, околу 30000 членови."

Тоа не важи и за останатите двајца конкуренти, Бучковски и Митрева кои отворено најавија дека во тој случај се повлекуваат:

„Ако Црвенковски го прифати предизвокот, евидентно е дека другите четири - пет кандидати ќе се повлечат. Конвенцијата ќе заврши со акламација."

Во трката за претседател на Македонија досега се пријавени осум кандидати, претседателскиот канидат на ДПА Арбен Џафери, во негов препознатлив стил најави дека ќе ја води претседателската кампања:

„Сакаме да ги победиме, сите такви опции кои се против интересите на Албанците во Македонија, кои се обидуваат да не ја спроведат охридската спогодба и да вратат некои стари односи во општеството."

Во ВМРО-ДПМНЕ очеигледно е дека ќе се преполови гласачкото тело. Дел ќе гласат за партискиот кандидат Сашко Кедев, а добар дел ќе добие и Љубе Бошкоквси кој прв од претседатлските кандидати кој прв од пријавените кандидати ги собра потребните потписи. Пет од осумте пријавени кандидати ги собраа потписите, па во трката по потписи остануваат само независните Митко Христов, Бранко Јаневски и Сали Рамадани.
XS
SM
MD
LG