Достапни линкови

Газа: Израел изврши трет ракетен напад


Израел денеска го изврши третиот ракетен напад во Појасот Газа во последните 24 часа, при што вкупно загинале 4-ца палестинци. Според израелската армија, целта на нападите се милитантни групи, за кои се смета дека стојат зад последните самоубиствените напади во Израел. Во Појасот Газа денеска дојде до судир и меѓу палестинските сили за безбедност и вооружени милитанти, при што едно лице загинало, а 17 биле повредени.
XS
SM
MD
LG