Достапни линкови

Кабул: Посета на Колин Пауел


Американскиот државен секретар Колин Пауел, кој е во посета на Кабул, по разговорите со авганистанскиот претседател Хамид Карзаи изјави дека Соединетите Држави долгорочно ќе го помагаат обновувањето на Авганистан. Пауел посети и едно женско училиште во Кабул кое се користи како центар за регистрација на гласачите за јунските избори. Предвидено е Колин Пауел да го посети и Исламабад, каде што со пакистанското раководство ќе разговара за анти-терористичката кампања и за акциите во реонот на авганистанско – пакистанската граница.
XS
SM
MD
LG