Достапни линкови

Скопје: Кедев и официјално претседателски кандидат на ВМРО-ДПМНЕ


Сашко Кедев од вчера и официјално е претседателски кандидат на најголемата опозициска партија ВМРО-ДПМНЕ. Својот глас за Кедев на вчерашната Конвенција го дадоа 1552 делегати од присутните 1.558-те делегати од општинските комитети на партијата.

"Мојата стартна позиција е да бидам претседател на сите граѓани на Република Македонија без оглед на верската, етничката, а посебно на партиската припадност. Дојде моментот кога сите треба да инвестираат во обединувањето на граѓаните на Република Македонија", истакна во својот говор Кедев.

На конвенцијата се обрати и претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски, а почесниот претседател на партијата и поранешен премиер, Љубчо Георгиевски не присуствуваше на Конвенцијата на ВМРО-ДПМНЕ.
XS
SM
MD
LG