Достапни линкови

Топ теми, економијата и националната безбедност


Најверојатно предизвикувач на Џорџ Буш на ноемвриските претседателски избори во Соединетите Држави ќе биде демократот сенаторот од Масачустетс Џон Кери. Во кампањата, главни прашања, како што јавува дописникот на Радио Слободна Европа од Вашингтон, ке бидат економијата и националната безбедност.

Традиционално, економијата е клучно прашање за американските гласачи. Соединетите Држави сега се во фаза на опоравување од рецесијата во сите освен во клучната област – вработувањето. Имено, откако Џорџ Буш влезе во Белата Куќа во јануари 2001 три милиони работни места се изгубени. Фаворитот на Демократите Џон Кери вели дека Буш загубил повеке работни места од кој било американски претседател во историјата. Буш пак смета дека кратењето на федералните даноци ке овозможи повеќе пари за потрошувачите и за компаниите и трговците за инвестиции со што ќе се креираат работни места. Што се однесува до втората клучна тема безбедноста, актуелниот претседател Џорџ Буш веднаш по нападите на 11 септември брзо ги отстрани талибанците и Ал Каеда од власт во Авганистан, а потоа и Садам Хусеин од Ирак. Меѓутоа, господарите на војната се уште контролираат голем дел од Авганистан, а талибанците и Ал Каеда повторно прават проблеми. Во Ирак ,од друга страна, напаѓачите им попречуваат на американските цивиллни и воени преставници да ја стабилизираат земјата, а многу американки се прашуваат за валидноста на причините на претседателот за војна, бидејки неконвенционално оружје се уште не е пронајдено. Сепак Буш себеси се гледа како стабилен лидер во воено време и за Кери вели дека е законодавец кој со предлогот за кратење на буџетот за разузнавање ја ослабува Америка.

„Тој е за добро разузнавање, но е готов да ги скрати услугите. Така не се води нацијата во воено време.“

Сенаторот Џон Кери кој на американската јавност и стана познат како воен ветеран со многу медали од Виетнам го прифати предизвикот од Буш безбедноста да биде тема во кампањата. Тој на 27 години се врати од Виетнам лут на политичките лидери во неговата земја кои како што рече, повеќе воделе сметка за нивната политичка среќа одколку за животите на младиет американски војници.

„Како ке му речеш на човекот да биде последен што ке умре во Виетнам. Како ке му речеш да умре поради нечија грешка.“

рече Џон Кери во сведочењето пред Комитетот за надворешни односи на Сенатот во врска со напорите за спасување и повлекување на американските сили од Виетнам. Тој подоцна како преставник од Масачусетс служеше во Конгресот во Комитетите за разузнавање и надворешна политика. Според Бил Френзел поранешен Конгресмен, Сенаторот Џон Кери може да му се спротивстави на Џорџ Буш и по прапањето на безбедноста не само поради военото искуство.

„Не постоји причина зашто не би можел да биде добар. Тој има големо искуство од Сенатот за безбедносните прашања и надворешните работи.“

Воената служба, пак според Френзел, не е пресудна иако е позитивна во очите на јавноста за демократскиот против кандидат на американскит претседател Републиканецот Џорџ Буш.
XS
SM
MD
LG